ОФИЦИЈАЛНО: Ливерпул за 40+5 милиони го купи Гравенберх од Баерн

124

Ливерпул вечерва се пофали со ново засилување, се работи за холандскиот репрезентативец Рајан Гравенберх кој дојде од редовите на Баерн Минхен. „Црвените“ за него ќе платат 40 милиони плус пет милиони во форма на бонуси, а играчот стави потпис на петгодишен договор.

„Дојдов во еден од најголемите клубови во светот. Се е прекрасно, фановите, стадионот, градот. Среќен сум“, изјави 21-годишниот Холанѓанец.

Инаку Гравенберх е „продукт“ на академијата на Ајакс, а со 16 години дебитираше во најсилната холандска фудбалска лига. Во јуни 2022 година играчот од средниот ред потпиша со Баерн за 18 милиони евра плус 5 милиони во бонуси. За една сезона во минхенскиот клуб одигра 25 бундеслигашки натпревари. За Холандија има 11 натпревари и еден гол.

ПретходноМилан со три од три – ги однесе бодовите од Рим (видео)
СледноТФТ Скопје се засили со довчерашниот капитен на Работнички