Судиите повикаа да се заштити фудбалот. Давањето придонес во негувањето на убавата игра – клучна инструкција за судиите во Европа додека се подготвуваат за уште една предизвикувачка сезона на домашна и меѓународна сцена.
Говорејќи на брифингот за медиумите во средата во Монако, главниот на судиите на УЕФА Роберто Росети, инсистираше на тоа дека дошло време да се стави крај на случаите на лошо однесување на играчите и тренерите – наведувајќи го особено нивното негативно влијание на таквото однсување врз јавното мислење и помладите во фудбалот, како и навивачите.
„Доста е – време е да се дејствува“ рече Росети и ги повика судиите да покажат сила и храброст и да дават жолти картони за дејствија како што се несогласување, трчање кон судијата, мобинг или какво било неспортско однесување.
“Мора да се покажат жолти картони за обиди да се измами судијата, глумење повреда, симулација или претерување на одложување на рестартот на играта“ додаде тој.
“И во случаи на навредливо или воспалително однесување како што се навреди или злоупотреба, казната треба да биде црвен картон. Се разбира, фудбалот е игра на емоции – но играч или тренер кој навредува или злоставува судија не може да се смета за емоција“ потенцираше Росети и продолжи со своето излагање:
“Наша должност е да го заштитиме имиџот на фудбалот и мора да ја искористиме оваа можност за промена“ објасни Росети…
“Одредено однесување повеќе не може да се толерира. Мораме да дадеме добар пример за момчињата и девојчињата кои ја сакаат играта. Сакаме нашите судии да бидат робусни и да преземат акција“.
Врвните европски судии ќе бидат информирани за тоа што се очекува од нив во врска со ова на нивниот летен курс во Женева следната недела.
ФОТО: Twitter