Сандеј Адетунџи од Шкупи е ново засилување за Чукарички

911

Откако го заврши договорот со Шкупи ова лето, вечерва Нигериецот Сандеј Адетунџи и официјално стана ново засилување за српски Чукарички.

25-годишниот центарфор висок 191 сантиметар денеска ги поминал лекарските прегледи и ставил потпис на 3-годишен договор со Чукарички.

„Доведовме играч кој имаше одличен настап во македонската лига, на 54 натпревари за Шкупи постигна 30 голови. Иако има уште многу време до крајот на преодниот рок, многу е важно што го ангажиравме Адетунџи пред крајниот рок за лиценцирање играчи за Конференциската лига“, изјавил Владимир Матијашевиќ, спортскиот директор на Чукарички.

ПретходноТФТ Скопје се засили со довчерашниот капитен на Работнички
СледноЧудесен пресврт на Новак Ѓоковиќ на УС Опен за пласман во 1/8 финале!