Македонската одбојлкарска репрезентација тргна победнички на Европското првенство кое дел се одржува токму во нашиот главен град. Избраниците на Јошко Миленковски го направија првиот чекор кон осминафиналето, ја совладаа Данска.
Следен противник на „црвено-жолтите“ е Црна Гора, селекцијата која мора да се добие за да се оствари целта и да обезбеди местото во следната рунда.
Одбојкарите имаа два дена да се одморат и подготват за утрешната пресметка. Денеска ги прават последните подготовки, а ветуваат максимална игра против Црногорците за ново славје во СЦ „Борис Трајковски“. Атмосферата е на завидно ниво, од таборот на нашиот национален тим се надеваат дека утре ќе имаат уште поголема поддршка од своите фанови.