Србија против Турција е финалето на женското одбојкарско првенство. Вечерва во Брисел, Србинките славеа со 3-1 во полуфиналниот дуел со Холандија по сетови 25-21, 15-25, 25-22 и 25-21. Со тоа репрезентацијата на Србија вторпат по ред ќе игра финале на Европско одбојкарско првенство.
Србија за златните медали ќе игра против Турција која во вториот полуфинален дуел го елиминираа бранителот на евро-круната Италија со 3-2.
Финалето е на 3 септември во Брисел. Истиот ден ќе се игра и мечот за трето место меѓу Италија и Холандија.
Инаку, овие четири репрезентации беа во полуфиналето и на минатото ЕП во 2021. Италија ја мина Холандија, а Србинките беа подобри од Турчинките. Потоа во финалето Италија беше подобра од Србија со 3-1, а Турција го освои третото место по победата над Холандија со 3-1.
Како потсетување, Србија и Турција еднаш играа финале и тоа на ЕП 2019 година. Тогаш во мечот одигран во Анкара, победија Србинките со 3-2.