Супер Бразил: Падна страшната Канада, која сега ќе мора преку Шпанија до четвртфинале!

281

Каква сензација на СП, каков шок за страшната, за непобедливата, барем досега, селекција на Канада. Со фантастичен настап селекдцијата на Бразил славеше со 69:65 и со тоа направи вистинска драма во групата – Л, во која сите селекции имаат ист број бодови и се ќе се решава во последното коло. А тоа значи дека Канада и Шпанија во меѓусебен дуел ќе решаваат кој ќе оди во четвртфиналето, а Бразил ќе мора да ја победи Летонија.

Но за тоа потоа. Да повториме Бразил одигра фантастична одбрана, Канаѓаните беа немоќни, иако имаа шанса, сепак кога беше најпотребно Јаго беше тој што ги постигна најважните поени.

Бразил одигра и неверојатен борбен меч, сето тоа ги награди со победа.

ПретходноАстон Вила го претстави Ленгле
СледноБрера има нов генерален директор: Поканата од Горан Пандев не се одбива!