Искусниот напаѓач, Дарио Десниќ не е повеќе дел од тимот на Вардар. Спортспорт дознава дека тој од денеска повеќе не е член на најтрофејниот клуб во Македонија и дека есенва ќе го гледаме во друг клуб.
Ако во досегашниот дел од ПМФЛ шампионатот стана јасно дека Вардар има реално лимитиран играчки кадар, што се покажа и во праска, одлуката Десниќ да си замине, е по малку чудна.
Сепак, да се надеваме дека управата на ФК Вардар знае што во моментов прави и дека ќе се донесе адекватна замена за искусниот голгетер кој понесе голем товар во изборувањето на прволигашкиот статус минатата сезона.