Младиот фудбалер Ансу Фати во новата сезона ќе игра за англискиот премиерлигаш Брајтон. Шпанецот одлучи да ја напушти Барселона и како позајмен фудбалер ќе игра за тимот од југот на Англија но во договорот нема опција за откуп.
Ова е големо засилување за Брајтон кој првпат во историјата ќе игра во Европа, откако се квалификуваше во групната фаза на ЛЕ заедно со Ајакс, Марсеј и АЕК Атина.
Фати ја претставуваше Шпанија на СП минатата година, а со Барселона пред две години потпиша соработка со 2027 година. Сепак честите повреди во изминатите две сезони го исфрлија од колосек и се мачи да ја поврати формата.