Селекторот Лучијано Спалети го објави списокот на репрезентативци на Италија кои ќе и се спротистават на Македонија во квалификациите за ЕП 2024. Ги нема ветераните, но составот е силен. Тука се Имобиле, Киеза, Бараела, Тонали, Заниоло, голманот Донарума…
Спалети повика и тројца дебитанти од кои двајца се резервни голмани, како и дефанзивецот на Лацио, Николо Касале.
Мечот Италија-Македонија се игра на 9 ноември од 20:45 часот на Арената во Скопје.