Барса потврди двајца Португалци во последниот ден од преодниот рок

264

„Уште како дете сонував да играм за Барселона“, изјави Жоао Феликс по трансферот од Атлетико Мадрид во Барселона. Офанзивецот минатата сезона ја помина на позајмица во Челзи, а оваа сезона ќе игра на позајмица во Барселона.

Атлетико Мадрид се согласи да го пушти португалскиот интернационалец во редовите на ривалот на една сезона. Атлетико за оваа позајмица ќе заработи 8 милиони евра, а „каталонците“ ќе ја покријат целата плата на играчот.

Со тоа Феликс ќе го пополни местото на Ансу Фати кој се пресели во Брајтон.

Нов играч на Барселона е Жоао Кансело кој исто така како доаѓа како позајмен фудбалер од Манчестер Сити. Во договорот нема клаузула за откуп.

ПретходноСрбинките ќе играат за златото на Европското одбојкарско првенство
СледноМилан со три од три – ги однесе бодовите од Рим (видео)