Брера има нов генерален директор: Поканата од Горан Пандев не се одбива!

6759

 

Јован Симиќ од Србија е нов генерален директор на Брера Струмица.Оваа вест предмалку и официјално ја соопштија од страна на струничкиот клуб.

Станува збор за познат фудбалски работник, кој во изјавата при неговата промиција, посочи дека кога ќе те покани еден Горан Пандев, тогаш ништо не прашуваш, само треба да дојдеш.

May be an image of 2 people, beard and text that says 'HON S BRERA STRUMICA Ðp playaz4p aлcKи cTpy cTpymиu playaz4 RA play playaz4p MOZZA playaz playaz4playaz playaz4pl playaz4play'

Еве што информираа од Брера Струмица во врска со ангажманот на Симиќ:

 Управата на ФК ,,АП Брера Струмица“ одлучи за генерален директор да го назначи Јован Симиќ од Белград соседна Србија, кој со своето искуство ќе придонесе за подигнување на стандардите во нашиот клуб на организациски, логистички но и резултатски план. Симиќ има повеќегодишно искуство на фудбалски план во Србија. Го има основано клубот „Миљаковац“ а претходно работеше во ФК „Вождовац“. Во својата кариера бил член на Олимпискиот комитет Србија но и на Фудбалскиот сојуз на Белград при што стекнува искуство и за УЕФА натпреварите.

,,Кога ќе стигне покана од Горан Пандев, не прашувате ништо друго освен за колку време треба да дојдам. Драго ми е што Горан и останатите сопственици, семејството Алеоти препознаа во мене, некој што ќе може овој комплексен проект, кој расте секој ден, да го надогради за да стане подобар. Клубот е стабилен, има добра сопственичка структура, одлични ресурси и луѓе кои работат овде и сакаме сето тоа да го професионализираме но и да ги подигнеме стандардите во Македонскиот фудбал како на организационен и логистички, така и на резултатски план. Доаѓам во клуб кој во моментов е на врвот од табелата и се надевам дека ќе продолжиме со добри резултати. Клубот има огромен потенцијал и сметам дека не само во Македонија туку и во регионот може да стане уште попрепознатлив, подигнувајки го нивото на работа во секоја смисла,, изјави Симиќ кој денеска од претседателот на клубот Горан Пандев доби дрес од Брера.

Јован Симиќ подвлече дека се радува што ќе работи во Струмица во средина каде има позитивна енергија и луѓе жедни за високи резултати и нова ера во мак фудбалот“.

ПретходноСупер Бразил: Падна страшната Канада, која сега ќе мора преку Шпанија до четвртфинале!
СледноИ тетовци потврдија: Енур Тотре уште една сезона во дресот на Шкендија!