Десниот бек Ангелче Тимовски е нов фудбалер на Гостивар. Тој доаѓа од редовите на Шкупи каде што играше минатата сезона и ќе биде од голема корист за новиот прволигаш.
Тимовски претходно играше за Шкендија, Силекс и Победа од Прилеп.
Тој ќе дебитира во сабота кога Гостивар ќе игра со неговиот поранешен тим Силекс на домашен терен.