Ракометарите на нашиот шампион денеска се поразени од силниот Веспрем со 28:35, на силниот меѓународен турнир во Сакарија (Турција). Ова беше еден вид на полуфинале, па така во битиката за третото место битолчани ќе играат со Војводина која пак загуби од Мешков Брест.
Иако на моменти ракометарите на Е.Пелистер умешно одиграа против големиот фаворит, сепак на крајот класата на унгарскиот состав си се покажа на сцена. На одмор се замина со резултат 17:14 за Веспрем.
Во продолжение од средбата Веспрем уште повеќе “притисна“, направи разлика од 24:17, и истата ја одржуваше до крајот на средбата, иако во еден момент на семафорот стоеше 25:23.
Сепак на крајот Веспрем знаеше што треба да стори за да победи уверливо.