И тетовци потврдија: Енур Тотре уште една сезона во дресот на Шкендија!

141

Убава вест за сите во Шкендија, како и за фановите на овој клуб. Енур Тотре, веројатно најдобриот фудбалер на моментално лидерот во ПМФЛ, најмалку уште една сезона ќе игра за Шкендија.Имено денеска и официјално тетовци потврдија дека успеале да се договорат со Ворксла, инаку клуб со кого Тотре има договор, да продолжи позајмицата на уште една година.

“Шкендија е мојот дом и за мене е чест и гордост да го носам дресот на овој клуб“ рече покрај другото играчот за врска на Шкендија.

ПретходноБрера има нов генерален директор: Поканата од Горан Пандев не се одбива!
СледноСтоилов се врати во Ѓорче!