Клоп тврдеше едно, Арапите велат друго: Салах наскоро потпишува договор!

728

Мохамед Салах би можел да остане новата ѕвезда која ја напушта Европа поради богат договор во Саудиска Арабија. Тамошниот првак Ал-Итихад испрати понуда на адресата на Ливерпул, а раководството на клубот истата ја прифатил, барем така тврдат медиумите во С.Арабија.

Иако Јирген Клоп тврдеше дека не е на продажба, сепак Салах ќе добие еден од најбофатите договори со Саудиска Арабија и до крајот на денот треба да стави потпис на новата соработка.

Според тамошните медиуми тој веќе е таму и ќе биде присутен на големото дерби на Ал Итихад со Ал Хилал вечерва. Во извештајот, исто така, веродостојно се наведува дека Салах ќе го има својот прв настап за саудиската страна на 15 септември.

Наводно, трансферот ќе достигне 150 милиони евра, додека самиот фудбалер ќе добива околу 200 милиони евра годишно, иако овие бројки во моментов се непотврдени.

Салах имаше договор до летото 2025 година, а за Ливерпул одигра 308 натпревари и постигна 187 голови и забележа 81 асистенција.

ПретходноЕХФ парично ја казни Кристина Неагу
СледноСрбија „пркоцка“ плус 16 против Италија, четвртфиналето под знак прашалник