Милан со три од три – ги однесе бодовите од Рим (видео)

196

Екипата на Милан ја забележа третата победа во третото коло на Серија А. „Росонерите“ вечерва славеа на гостувањето кај Рома со 2:1 и со тоа го држат првото место на табелата.

Оливие Жиру со гол од пенал во 9 минута го отвори резултатот, а во 48 минута погоди Рафаел Леао за 2:0 за Милан. Од 61 минута „Росонерите“ играа со фудбалер помалку поради вториот жолт картон на Томори, а римјаните успеаја само да го ублажат поразот преку Спинацола во судиското продолжение на времето.

Новото засилување Ромелу Лукаку влезе во игра во 70 минута. На дебито не се прослави, а доби жолт картон во финишот.

Рома се уште нема победа по три кола. Освои само еден бод, со ремито против Салернитана во првото коло.

Вечерва се одигра уште еден меч од третото коло, а Сасуоло ја совлада Верона со 3:1. Два гола за победничката екипа постигна Доменико Берарди.

ПретходноБарса потврди двајца Португалци во последниот ден од преодниот рок
СледноОФИЦИЈАЛНО: Ливерпул за 40+5 милиони го купи Гравенберх од Баерн