Пјаца по седум години го напушти Јувентус и потпиша за Ријека

355

Хрватскиот интернационалец Марко Пјаца по седум години го напушти Јувентус и му се приклучи на хрватскиот прволигаш Ријека. Јувентус му се заблагодари на фудбалерот кој дојде како големо засилување во 2016 година и беа платени 30 милиони евра. Тогаш беше еден од најголемите надежи на европскиот фудбал.

Во октомври 2016 година се повреди поради што паузираше два месеци, потоа два пати ги кинеше лигаментите (во 2017 и 2019 година). Јувентус го праќаше на позајмици во Џенова, Торино, Фиорентина, Емполи, Шалке и Андерлехт. Сега потпиша постојан договор со Ријека.

ПретходноГостивар се пофали со Ангелче Тимовски
СледноТурчинките се во финале на одбојкаркото ЕП – ги елиминираа шампионките!