Стоилковска и Србљак ги завршија настапите во Куршумлијска Бања

48

Македонските тенисери кои настапуваа на фјучрсот во Куршумлијска Бања денеска го завршија својот настап во мечевите од вторто коло. По голема борба и мартонски меч во нешто повеќе од три часа Горазд Србљак загуби од Алесандро Белифемине од Италија со 2-1 во сетови (64 57 61). За разлика од него Магдалена Стоиловска загуби од Слоенката Манца Пислак со 2-0 во сетови (61 61).

Србљак во првите два сета водеше голема борба со Белифемине. Во првиот сет нашиот тенисер водеше со 4:3 во гемови, а потоа по серијата од три гема Италијанецот го доби првиот сет со 6:4. Во вториот сет Србљак водеше со 5:2 во гемови, а противникот изедначи на 5:5, но до крајот на сетот македонскиот тенисер освои уште два гема и изедначи на 1:1. Но, во решавачкиот сет по 1:1 во гемови, Белифемине освои пет гема и го доби вториот сет со 6:1.

За разлика од него Столиковска одигра два сета и освои два гема за 75 минути, а потоа заедно со Романката Сабрина Дадациу го предадоа мечот на првите носители српските тенисерки Тамара Чуровиќ и Бојана Маринковиќ.

Двајцата за настапот во второто коло на овој турнир ќе освојат по еден поен.

ПретходноКрај на кариерата за тенисер чии рекорди тешко ќе бидат соборени
СледноАлкараз во третото коло на УС Опен, Медведев загуби сет!