Како и на секој меч, така и вечерва, Александар Љафтов беше еден од нашите најдобри одбојкари. Секогаш борбен и секогаш го дава она што треба. Од него се очекуваат поени, и со него ние ги имаме.
По победата над Црна Гора тој истакна:
„Само ние си знаеме како дојдовме до тука. Сакам да и честитам на цела Македонија, на цела спортска јавност, на сите Македонци кои во овие изминати години беа со нас и не бодреа. Вечерва имаше повеќе публика и јас им благодарам на тоа. Нашиот сон стана реалност, еве на третото ЕП ние успеавме да се пласираме во осминафиналето. Се чини дека беше лесно, но верувајте дека не беше“ посочи Љафтов.