Голеада во Сан Себастијан: Сосиедад со Гранада постигна пет, а прими три гола! (ВИДЕО)

62

Реал Сосиеад денеска во меч од 4.коло во Ла Лига, на свој терен одигра добар натпревар и со 5:3 ја победи Гранада. Ова за тимот од Сан Себастијан беше првата победа сезонава.

Кубо во 9. минута донесе водство на домашните. Гостите израмнија со автоголот на Ле Норманд, но Кубо одново во 44.минута погоди за 2:1, резултат со кој се замина на пауза.

А во второто полувреме Сосиедад одигра уште подобро и со головите на Зубименди, Баренетчеа и автоголот на Бош дојде до водство од 5:1.

Гостите преку Боје во 83.минута го ублажија поразот за 5:2, додека во 90+9. Зарагоза ги постави конечните 5:3.

ПретходноРеал попладнево на реновираниот „Бернабеу“: Подвижен покрив, видео екран од 360 степени, трева во комора…
СледноРоманецот Сабо-Алекси ќе ни суди и вечерва против Црна Гора