Нов Американец во Кожув!

122

Уште едно американско засилување во составот на Кожув. Станува збор за Ијан Кришнан кој доаѓа од американската НЦАА лига, каде што бележел 11.1 поен во просек. Овој кошаркар може да ги покрие позициите два и три.

Кришнан е третото странско засилување во гевгелискиот табор предводен од актуелниот селектор, Александар Јончевски. Претходно раководството на клубот се договори со Колин Слејтер, како и Србинот Душан Хукиќ. На плејмејкерската позиција ќе биде искусниот Димитар Караџовски.

Кожув стартуваше со подготовките за новата сезона.

ПретходноСпалети го објави списокот, Италија со еден дебитант пристигнува во Скопје
СледноМукаетов: Посебно сме горди на настапот на кадетите на СП!