ПМФЛ: Шкендија VS Шкупи под Шара, Брегалница на гости во Охрид, Брера го дочекува Работнички, Гостивар на мегдан со Силекс!

237

 

Попладнево од 16 часот се играат пет средби од 6.коло во ПМФЛ. Секако дека најинтересно ќе биде под Шара каде на Градскиот стадион силите ќе ги одмерат Шкендија и Шкупи.Ова е супер – дерби, ова е дербито на 6.коло. Ова е меч меѓу две екипи кои имаат нескриени шампионски амбиции. Ова се два од трите клуба кои биле шампиони на Македонија во последни три сезони.May be an image of 5 people, people playing soccer, people playing football and text

Кога играат Шкендија и Шкупи обично мечевите завршуваат без победник, по традиција, но тетовци засега имаат четири од четири и секако дека ќе одат по својот петти триумф.

Меч за фудбалски гурмани, супер – дерби за полни трибини на Градскиот стадион во Тетово.May be an image of 5 people, people playing football, people playing soccer and text

Брегалница гостува покрај Охридското езеро, кај Воска Спорт. Секако дека ова е меч на кој избвраниците на Горан Здравков посакуваат да се освојат трите бода. Штипјани се во налет, еве шанса за уште еден добар настап и нови бодови.

Брера игра дома против Работнички, тим кој и оваа сезона ја започна очајно сезоната. Има три порази во пет натпревари. Ако струмичани одиграат како што знаат, не би требало да имаат никакви проблеми со Работнички.

И во Гостивар, домашниот состав кој ова лето ангажираше 20 нови играчи, го дочекува тимот на Силекс кој се чини дека допрва ја бара својата форма, препознатлива од минатата сезона.

Крајно неизвесен меч на резултатски план.

Натпреварот Струга ТЛ – Тиквеш е закажан за во понеделник.

ДВОЈКИ ЗА 6.КОЛО – ДЕНЕСКА (16 Ч)

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП

ГОСТИВАР – СИЛЕКС

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ

БРЕРА СТРУМИЦА – РАБОТНИЧКИ

ВОСКА СПОРТ – БРЕГАЛНИЦА

04.09.2023 – 16 Ч

СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ

ТАБЕЛА

Шкендија (-1) 12, Брера Струмица 12, Брегалница 9, Шкупи 8, Тиквеш 7, Силекс 6, Работнички 6, Македонија ЃП 5, Воска (-1) 4, СтругаТЛ (-3) 3,  Гостивар 3, Вардар (-1) 1 бодови…

ПретходноЃоковиќ повторно урлаше на Иванишевиќ (ВИДЕО)
СледноСпалети го објави списокот, Италија со еден дебитант пристигнува во Скопје