Сајнц ги израдува тифозите со полпозиција на „Монца“

70

Возачот на Скудерија Ферари Карлос Сајнц ја освои пол позицијата во квалификациите на патеката Монца во Формула 1 шампионатот. Тој за 0,013 секунди беше побрз од светскиот шампион Марк Верстапен со Ред Бул и 0,067 секунди побрз од тимскиот колега Шарл Леклер.
На четвртата позиција заврши Џорџ Расел од Мерцедес, петти Серхио Перез, шеста позиција за Александер Албон.
Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон со Мерцедес заврши на осмото место, а пред него заврши Оскар Пиастри со Мекларен. Зад Британецот останаа Ландо Норис со другиот Мекларен и Фернандо Алонсо со Астон Мартин.

ПретходноПочина Насе Насев, еден од најголемите спортисти на Македонија
СледноЧелзи пак „заринка“ – поразен од Нотингем, сигурни три бода за Сити