Скопска пресметка на Маџари: Вардар во атак на првата победа, “лавовите“ со свои сметки!

383

Денеска од 16 часот, во меч од 6.коло во ПМФЛ, на стадионот “Борис Трајковски“ во Маџари силите ќе ги одмерат Вардар и Македонија ЃП. Тоа ќе биде скопска пресметка за фудбалско уживање.

Меч на кој “црвено – црните“ ќе атакуваат на својата прва победа сезонова. Досега во изминатите пет кола, Вардар одигра четири меча и освои само еден бод. Па така фановите на нашиот најтрофеен тим секако дека очекуваат од момците на стратегот Александар Васоски да го дадат максимумот и да се обидат да ги освојат тие три бода.

Од друга страна и “лавовите“ од Ѓорче си имаат свои сметки. Стратегот Горан Симов исто така. Да се потсетиме дека од јули до септември пред две години, тој кусо беше на клупата на вардарци во првата сезона во ВМФЛ.

Се очекува борбена и неизвесна битка. Гостите од Ѓорче на хартија можеби се во мала предност, но вардарци и овојпат носени од своите“Комити“ секако дека ќе го дадат максимумот во атакот на првата победа во сезоната.

ПретходноНоле откри што правел во соблекувална: Не можам да лажам, зборував со огледалото
СледноЃоковиќ повторно урлаше на Иванишевиќ (ВИДЕО)