Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа зошто е најдобар. Во третото коло српскиот тенисер имаше тешка задача, играше против Ласло Ѓере. Иако најдобриот на сите времиња лесно излагаше со својот колега од репрезентација, овој пат на УС Опен му беа потреби пет сета за да дојде до победа.
Ѓере го имаше мечот во своја рака, водеше со 2-0 во сетови, но потоа се разбуди Ѓоковиќ приреди целосен пресврт и се пласираше во осминафиналето на УС Опен со конечни 3-2 (4.6, 4:6, 6:1, 6:1, 6:3).
Back. And. Fourth.
Novak Djokovic gets a second break in the fourth set. pic.twitter.com/WYXqCmBmYI
— US Open Tennis (@usopen) September 2, 2023
За пласман во четвртфиналето Новак ќе игра против хрватската сензација Борна Гоја.