Џуд Белингем е фудбалерот кој му донесе победа на Реал Мадрид во дуелот со соседот Хетафе од 2:1 во меч од 4.коло на Ла Лига. „Кралевите“ славеа со пресврт, затоа што Хетафе имаше предност по првото полувреме со гол на Борха Мајорал.
Изедначи Хоселу на стартот на второто полувреме по една мешаница и одбиена топка. Не се смени резултатот се до петтата минута од судиското продолжение. Англискиот репрезентативец Белингем успеа да го најде патот до мрежата на гостите по одбиена топка од противничкиот голман и да донесе вредни бодови на Реал.
Тоа е четврта победа на Реал сезонава. Хетафе го запиша вториот пораз. А 20-годишниот Белингем го постигна петтиот погодок во дебитантската сезона за Реал, а стрелаше прецизно на сите четири натпревари со тоа што два гола и даде на Алмерија.
А пред овој меч Сосиедад со 5:3 славеше над Гранада.
Jude Bellingham on stage
The winning goal in the last moments
Real Madrid 2-1 Getafe #RealMadridGetafepic.twitter.com/GRg4vCoAqY
— FootColic ⚽️ (@FootColic) September 2, 2023