Доброто судење му донесе дерби: Ристовски денеска прв судија на мечот Израел – Франција!

144

По одличната арбитража на првите две средби во групата „Д“ во Тел Авив во рамките на Европското првенство 2023, макеоднскиот одбојкарски судија Влатко Ристовски денеска доби голема задача да го суди дербито на 3. коло меѓу екипите на домаќинот Израел и селекцијата на Франција.

Овој меч од 19.30 часот ќе биде дерби на групата  „Д“ затоа што Франција и Израел се на првите две позиции по првите две кола, па овој дуел веројатно ќе одлучи за тоа кој ќе остане на првото место во групата до крајот на разигрувањето.

Ристовски ќе ја има улогата на прв судија, а денеска како втор судија ќе му асистира Кенет Аро од Финска. Според информациите од Тел Авив вечерва салата таму ќе биде исполнета до последното место, а веќе е најавено присуство и на дел од политичките елити на двете земји.

ПретходноУЕФА го утврди распоредот за ЛШ: Старт со две дерби пресметки, Милан – Њукасл и ПСЖ – Борусија (Д)
СледноРеал попладнево на реновираниот „Бернабеу“: Подвижен покрив, видео екран од 360 степени, трева во комора…