Македонскиот ракометен шампион,тимот на Е.Пелистер, заврши на 4.место на турнирот во Сакарија. Имено денеска во битката за третото место битолчани беа поразени од Војводина со 27:33.
Ова беше натпревар кој се одигра речиси без одбрани, повеќе наликуваше на ревијален дуел. Е.Пелистер очигледно е дека не беше на потребното ниво, а Војводина покажа дека Алкалоид во Лигата на Европа ќе има и тоа како силен ривал.