Дарко Ангеловски е еден од оние членови во најдобрата одбојкарска репрезентација кој дефинитивно е уникатен. Популарниот Шаби овие денови е во центарот на вниманието по своите изјави, но и по своите потези за време и по завршувањето на натпреварите.
Тој дури си има и уникатен пешкир. По триумфот над Црна Гора ни откри дека пешкирите му се специјално изработени, а на истите пишува: Брк си е брк…