Чекаше Вардар, чекаа и “Комити“ до денеска и дочекаа.Имено после 29 месеци нашиот најтрофеен клуб се радува на победа во ПМФЛ.Ова беше прв триумф сезонава, и тоа во 6.коло, а претходно Вардар две сезони играше во ВМФЛ.
Последен пат Вардар славеше во ПМФЛ на 25 април 2021 година и тоа против Беласица со 1:0.
И имаат право да се радуваат вардарци. Денеска одиграа сосема добро, со головите на Дарко Мицевски и младиот Азер Омерагиќ ја победија Македонија ЃП со 2:1, голот за гостите беше дело на Величковски во судиското продолжение.
Со оваа победа Вардар сега има 4 бодови и не е последен на табелата која по некомплетното 6.коло изгледа вака:
Шкендија (-1) 13, Брера 13, Силекс 9, Шкупи 9, Брегалница 9, Тиквеш (-1) 7, Воска (-1) 7, Работнички 7, Македонија ЃП 5, Вардар (-1) 4, Струга ТЛ (-4) 3, Гостивар 3…