Михаилов: Силекс и во Гостивар покажа дека има карактер, секоја чест за домаќинот на приемот!

595

Иако во поголем дел од средбата имаше играч помалку, сепак Силекс успеа да слави на гости и тоа кај Гостивар со 1:2. Кратовци постигнаа два гола, сепак еден беше автогол, и сега со 10 погодоци се најефикасниот тим вио ПМФЛ.

Тежок меч за играње, не толку убав за око, но сепак победа за тимот на Горазд Михаилов кој за “СпортСпорт“ изјави:

„Сите честитки одат на адреса на моите фудбалери. Уште еднаш покажаа дека овој тим на Силекс и тоа како има карактер. Да се победи еден така квалитетен состав како оној на Гостивар секако дека не е мала работа. Јас сум презадоволен, горд сум на моите играчи. Инаку искрено и од срце и ова да го кажам. Секоја чест за Гостивар како клуб кој не пречека навистина во европски стил. Таков прием кај некоја екипа одамна сме немале. Секако дека ние ќе знаеме како да им возвратиме на гостиварци кога ќе гостуваат кај нас во Кратово. Уште еднаш секоја чест за домашните“ посочи стратегот на кратовци.

Претходно6000 грла за Македонија вечерва во “Борис Трајковски”
СледноЛевандовски брутално искрен: Ла Лига воопшто не е атрактивна лига!