Суперлигашите одржаа конференција на која се дискутираше за промена на системот за натпреварување за сезоната 2024/25, а истата беше презентирана на редовното Годишно Собрание. Предлогот беше Машката Супер-лига да брои 16 екипи, односно учесниците од Супер-лигата од сезоната 2023/24 со остварен пласман од 1 до 14 место и шампионот и вицешампионот од Првата лига од сезоната 2023/24 година.
Според системот на натпреварување тимовите треба да бидат поделени во две групи поточно Супер лига А и Супер лига Б со по осум екипи.
Бидејќи дел од клубовите истакнаа дека ваквиот начин би се одразил лошо врз клубовите поточно ваучер системот кој го добиваат, предлогот за промена беше одложен, а првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов ги задолжи клубовите до крајот на годината да поднесат нов предлог.
Пред да се донесе одлука. Прв кој побара збор беше првиот човек на Пелистер, Зоран Штерјов. Според него овој систем за сезоната 2024/2025 година ќе биде погубен за голем дел од клубовите.
„Ние сме потписници на оваа инцијатива. Пристапивме сериозно, имавме консултација, сето ова ќе влијае на ваучер системот. Кратење на осум екипи во Супер лига А, можеби е ригорозно. Дека треба да разговараме за 10 или 12 екипи, а притоа нема да има влијание на ваучер системот, кој ќе биде погубен за останатите тимови, кои после тоа нема да постојат“, изјави првиот човек на актуелниот македонски првак.
Мукаетов потенцираше дека идејата не е да се згаснат клубовите и да останат без средства туку да се зголеми квалитетот на лигата.
„Идејата е да добијат сите екипи ваучер, да видиме како ќе биде сето тоа. Нашата идеја не е екипите да останат без бенефит во секој случај“, рече Мукаетов кој даде предлог да се излезе со предлог систем.
И првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски потврди дека Супер-лига Б нема да се смета како Прва лига и тука ваучерите нема да бидат исти.
И Вардар и Пролет, истото како Пелистер беа да се намали бројот на бројот на 12 екипи, но истите да не бидат поделени во А и Б Дивизија.
Во продолжение можете да го погледнете предлогот на промена на системот на натпреварување за сезоната 2024/25 година.