ПМФЛ: Вардар со прва победа, Шкупи ја сопре Шкендија, реми во Струмица, Силекс со триумф во Гостивар, Воска подобра од Брегалница (ВИДЕО)

744

 

Попладнево се одиграа пет средби од 6.коло во ПМФЛ. Вардар дојде до првата победа сезонава и тоа против Македонија ЃП во скопското дерби. Триумф од 2:1, сосема заслужен според она што беше прикажано на стадионот на Маџари. Мицевски од пенал и Омерагиќ во првиот дел стрелаа за 2:0, Величковски во судиското продолжение погоди за конечни 2:1.

Шкупи ја сопре победничката серија на Шкендија. Супер дербито под Шара заврши со резултат 0:0. Тетовци имаа голема шанса да слават, Максимов имаше зицер во 74.минута но гостинскиот голман одбрани.May be an image of 5 people, people playing soccer, people playing football and text

Реми и во Струмица. Брера не успеа да го победи жилвиот тим на Работнички. Домашните имаа шансаи, Врдољак ја погоди и стативата,но сепак на крајот беше 0:0.

Силекс со 1:2 славеше кај Гостивар, иако во поголем дел од мечот играше со играч помалку.Поведоа кратовци со автоголот на Гоба,израмни Тимовски со супер гол, додека Ристовски од пенал донесе три бода за тимот од Кратово.

По малку изненадувачки, Воска со 2:0 ја победи Брегалница и тоа со двата гола на Марушиќ,посебно убав беше вториот кога го лобуваше голманот на “сините“.

Во понеделник се игра последниот меч од ова коло, и тоа во Струга каде шампионот го дочекува Тиквеш.

 

РЕЗУЛТАТИ ЗА 6.КОЛО

БРЕРА – РАБОТНИЧКИ 0:0

ГОСТИВАР – СИЛЕКС 1:2

(Тимовски 64./Гоба (авт) 40., Ристовски (п) 75.)

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 0:0

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 2:1

(Мицевски (п) 25.,Омерагиќ 33./Величковски 90+3.)

ВОСКА – БРЕГАЛНИЦА 2:0

(Марушиќ 14.,Марушиќ 87./)

СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ (ПОНЕДЕЛНИК)

ПретходноЧелзи пак „заринка“ – поразен од Нотингем, сигурни три бода за Сити
СледноСе е полесно со Бонифасе – Леверкузен го „растури“ Дармштад, има 100% ефект во Бундес