Полувреме: Вардар убедлив, Мицевски и Омерагиќ стрелци, автогол на Гоба за водство на Силекс, води и Воска!

592

Завршија првите полувремиња од петте денешни средби од 6.коло во ПМФЛ. На Маџари екипата на Вардар води со 2:0 во скопската пресметка со Македонија ЃП. Добра игра на Вардар, а стрелци Беа Мицевски од пенал во 25.минута и Азер Омерагиќ во 33.минута.Младиот напаѓач ја зема “деветката“ на Вардар и веднаш стрелаше. Секоја чест за младиот Омерагиќ.

Во големото дерби, Шкендија и Шкупи под Шара играат без голови,очекувано кога играат меѓусебе овие две екипи.

Воска со голот на Марушиќ има водство од 1:0 против Брегалница. Исто така води и Силекс на гости кај Гостивар, и тоа со неверојатниот автогол на домашниот играч Гоба Закпа.

Во Струмица домашната Брера и Работнички играат 0:0. Струмичани беа поблиску до водство, ја погодија и пречката но голови сеуште нема.

ПретходноЕспаргаро победник на спринтот во Барселона!(ВИДЕО)
СледноЕ. Пелистер поразен и од Војводина!