Романецот Сабо-Алекси ќе ни суди и вечерва против Црна Гора

55

Романскиот арбитар Паул Каталин Сабо-Алекси кој беше прв судија и на мечот меѓу Македонија и Данска на стартот на Европското првенство во Скопје, ќе биде прв судија на столчето и на вечерашниот одлучувачки меч за нашата одбојкарска репрезентација против Црна Гора, од кој ни зависи пласманот во осминафиналето.

Втор судија на средбата ќе биде Португалецот Рикардо Фереира, кој досега на средбите во групата „Ц“ во Скопје имаше можност да суди на пресметката меѓу Полска и Чешка (втор судија), додека како прв судија беше делегиран на вчерашното дерби меѓу Холандија и Полска.

ПретходноГолеада во Сан Себастијан: Сосиедад со Гранада постигна пет, а прими три гола! (ВИДЕО)
СледноЕспаргаро победник на спринтот во Барселона!(ВИДЕО)