Поради лошите временски услови на аеродром во Рејкјавик синоќа беа откажани сите летови, меѓу кој и оној на фудбалерите на Струга Трим Лум кои од Исланд преку Франкфурт требаше да се вратат дома.
„Ова непредвидливо доцнење на агендата на тимот го загрижи и тренерот Шпетим Дуро, со оглед на тоа што во понеделник го имаме натпреварот од 6. недела во Првата лига против Тиквеш. Ваквото доцнење ја уништи и тренинг програмата на нашиот, кој се уште се чувствува уморен од ова долго патување до Исланд, каде за жал ја завршивме европската авантура“, се вели во известувањето на Струга Трим Лум.
Од таборот на Струга Трим Лум посочуваат дека по елиминацијата целосно ќе се насочат кон предизвиците во домашниот шампионат каде ја имаат улогата на бранител на титулата.