Македонската машка одбојкарска репрезентација испиша историја, за првпат ќе игра во едно осминафинале на Европските првенства. Она што го најавија, избраниците на Јошко Миленковски вечерва го исполнија, без мака ја совладаа Црна Гора со 3-0 и на публиката и приредија вистински меч за уживање.
Срцата на сите Македонци кои беа во СЦ „Борис Трајковски“ беа исполнети, заедно со одбојкарите на крајот ја пееја македонската химна, заедно се радуваа на овој посебен ден.
Мисијата е исполнета, до крајот остануваат тешките пресметки, на кои нашите момци нема да се предадат, напротив ќе се обидат да им парираат на светските имиња кои ги има една репрезентација како Полска, Холандија и Чешка.