Ц.Звезда со тројца нови играчи – за едниот ќе плати дури 5 милиони евра

1912

Српскиот шампион Црвена Звезда се спрема за настап во домашниот шампионат но и да остави белег во Лигата на шампионите. Во финишот на трансферниот преоден рок во Србија, Звезда до понеделник ќе донесе тројца нови играчи.

Како што пишува „Мондо“ се е договорено со стоперот Насер Џиго (21 година) од Базел, а потоа е постигнат договор со напаѓачот Шериф Ндиаје (27 години) кој ќе дојде од Адана за пет милиони евра од кои еден милион ќе бидат исплатени доколку играчот постигне одреден број на голови и тимските успеси сезонава.

Како трето ново име се споменува Бенжамин Бушуари кој има 21 година кого го нарекуваат мароканскиот Верати. Тој е член на француски Сент Етјен. Според информациите Звезда првата понуда ја испратила на 1 септември, во финишот на преодниот рок во Франција но тоа не значи дека на „Маракана“ ќе се повлечат туку ќе испратат подобра понуда и ќе го убедат Ст.Етјен да го пушти фудбалерот. Неофицијално Французите барале повеќе од четири милиони евра.

Во меѓувреме тимот го напушти талентираниот Стефан Лековиќ кој ги засили редовите на Виљареал. Тој е продаден за 4 милиони евра плус 20% од парите при следна продажба.
Звезда во ЛШ е во група со Манчестер Сити, РБ Лајпциг и Јанг Бојс.
FOTO> Twitter

ПретходноБолоња ја “сврти“ од 0:1 во 2:1 против Каљари, Удинезе само до бод против Фросиноне (ВИДЕО)
СледноИсторијааа! Македонија ја „суреди“ Црна Гора за осминафинале на ЕП!