Неверојатна, фантастична партија на Еван Фергусон, кој со само 18 години просто го растури Њукасл. Брајтон – Њукасл 3:1 и сите три гола беа дело на Фергусон.
Прво во 27.минута погоди за 1:0, потоа во 65.минута Фергусон погоди за 2:0, за да во 70.минута се запиша во историјата на Брајтон како прв фудбалер кој постигнал хет-трик за овој тим во Премиерлигата со само 18 години. Да не биде 3:0 сепак се погрижи Вилсон кој во 90+3. постигна гол и така го ублажи поразот.
Се очекуваше подобар настап од тимот на Еди Хау, но се чини дека и дефинитивно Њукасл влегува во криза, во последно време реди само порази, трет во серија.