Бурим Салии најново засилување за Беса

386

Досегашниот младинец на тимот на Работнички, Бурим Салии е нов член на амбициозниот второлигаш Беса Добри Дол.

Тимот на Беса летово и тоа како го засили ростерот со редица прекалени прволигашки играчи, но мисли очигледно и на оној друг, младински дел од тимот. Се знае дека во второлгашката конкуренција на секој натпревар во тимот мора да се појават и У19 и У21 играч, а тука стапува на сцена младиот Салии.

Со оглед на амбициите на Беса, следната сезона да биде прволигаш, станува јасно дека поголемиот дел од играчите сакаат што се вели уште од сега да фатат место во тимот кој има големи планови за во иднина.

 

ПретходноДеспотовски: Вечерва е најбитно да гледаме што се случува на нашата половина од теренот
СледноУЕФА го утврди распоредот за ЛШ: Старт со две дерби пресметки, Милан – Њукасл и ПСЖ – Борусија (Д)