Не му тргна оваа сезона најдобро на Жозе Мурињо на клупата на Рома. Вчера на свој терен, составот на Рома загуби од Милан во дербито на “Олимпико“. Секако дека од Жозе и неговите момци се очекуваше многу повеќе.
Португалецот понекогаш знае да биде контроверзен, но вчера покажа дека е голем и кога губи. Имено по фантастичниот гол на Леао, во еден момент кога офанзивецот на гостите се најде пред тренерскиот простор на домашниот состав, “Специјалниот“ му пружи рака на Рафаел Леао, со што му честиташе на голот, а овој ја прифати.
Којзнае, можеби зошто станува збор за негов сонародник Жозе честиташе.
ФОТО: Italian football Twitter