Мукаетов: Посебно сме горди на настапот на кадетите на СП!

159

Започна редовното Годишно Собрание на РФМ. На истото присуствуваа 47 делегати од вкупно 57.

Првиот човек на ракометната федерација, Живко Мукаетов го отвори извештајот за работа во периодот од мај 2022 година до септември 2023 година.

Тој го потенцираше континуитетот на учество на машката сениорска репрезентација на големите натпреварувања. Избраниците на Кирил Лазаров го изборија 13-то големо првенство, во случајот ЕП 2024 година кое ќе се одржи во Германија.

„Машката сениорска репрезентација учествуваше на СП во Полска и Шведска, не се пласираше во првите 16 земји, завршивме на 27 место. Машките сениори се пласираа 13 големи натпреварувања на европските и светските првенства. Нашите сениори се пласираа на ЕП 2024 година, каде ќе бидеме дел од најсилната група група А со селекциите на Германија, Франција и Швајцарија“, изјави Мукаетов на Собранието на РФМ.

Што се однесува до женската репрезентација, не криеше дека е горд на учеството на ЕП 2022 година во Скопје и прикажаното, но истовремено не криеше дека е разочаран од бараж мечот за СП.

„Горди сме од начинот на организацијата на ЕП во ракомет за жени, на кој се покажавме како беспрекорни домаќини. Резултатот беше реален со оглед на фактот дека по долго време се вративме назад на европската сцена, а останавме горди што ја имавме најмладата селекција на овој шампионат. За неуспех го сметам непласманот на претстојното светско првенство за жени, ако се знае дека бевме носители во ждрепката против Украина, но не успеавме да го минеме овој ривал“, истакна Мукаетов.

Првиот човек и сите останати во РФМ се горди на она што кадетите го остварија на Светското првенство кое се одржа во Хрватска. Македонија во силна конкуренција го освои деветото место и испрати порака дека има иднина.

„Посебно сме горди на настапот на машката кадетската репрезентација која го освои деветото место на СП. Од нив може да очекуваме за затропаат на вратата на сениорската селекција земајќи го квалитетот што го покажаа“, порача првиот човек на РФМ.

ПретходноНов Американец во Кожув!
СледноМеч за осминафинале: Македонија вечерва против Црна Гора за втора фаза на Евроволеј 2023