Реал попладнево на реновираниот „Бернабеу“: Подвижен покрив, видео екран од 360 степени, трева во комора…

635

„Кралскиот клуб“ од Мадрид попладнево ќе го има првиот натпревар на домашен терен оваа сезона и тоа на реновираниот „Сантијаго Бернабеу“. Проектот за реновирање чинеше 400 милиони евра, а целосното реновирање траеше три години.

Стадионот доби подвижен покрив, големи семафори и терен кој може да се прилагоди за различни спортови, од фудбал до кошарка и тенис. На пример, на него можете да играте кошарка и тенис во исто време. Во рамките на реновирањето се изградени бројни продавници, кафулиња и хотел.

Реал истакна дека ова е стадионот на 21 век и пример за дигиталната иднина. Дополнително на сето ова, тревата може автоматски да се превиткува и вертикално да се нареди во посебна комора сместена под површината на теренот, веднаш до најниското ниво. Теренот во таа длабока комора ги има сите неопходни услови за да остане во совршена состојба. Стадионот има и видео екран од 360 степени.

ПретходноДоброто судење му донесе дерби: Ристовски денеска прв судија на мечот Израел – Франција!
СледноГолеада во Сан Себастијан: Сосиедад со Гранада постигна пет, а прими три гола! (ВИДЕО)