Спалети го објави списокот, Италија со еден дебитант пристигнува во Скопје

301

Новиот селектор на репрезентацијата на Италија, Лучијано Спалети го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за претстојниот квалификациски термин. Во истиот, Италија гостува во Скопје проти Македонија на 9 септември, а три дена подоцна Украина пристигнува во Милано.

Спалети се одлучи во списокот да сврсти еден дебитант во името на Николо Касале, дефанзивецот на Лацио додека има и неколку имиња кои се повратници во составот.

Матија Закани, Кристијано Бираги, Џанлука Манчини, Мануел Локатели повторно се дел од националниот тим.

Репрезентацијата на Италија утре го има собирот во Коверчиано, каде избраниците на Спалети ќе тренираат до петок, а на 8 септември попладне ќе допатуваат во Скопје.

ПретходноПМФЛ: Шкендија VS Шкупи под Шара, Брегалница на гости во Охрид, Брера го дочекува Работнички, Гостивар на мегдан со Силекс!
СледноНов Американец во Кожув!