Челзи пак „заринка“ – поразен од Нотингем, сигурни три бода за Сити

90

Нов пораз на Челзи. Тимот кој донесе многу ѕвезди, се изнадава пари за реформа на тимот, не може да врзе добри резултати. Денеска во рамките на 4.коло на Премиер лигата „сините“ се поразени на свој терен од Нотингем Форест со 0:1. Голот вреден три бода за „шумарите“ го постигна Еланга во 48 минута по грешка на мега-засилувањето на Челзи, Каиседо.

Челзи го впиша вториот пораз сезонава, а моментално има четири освоени бода. Нотингем Форест има шест бода, а ја запиша втората победа.

Сити со 5:1 го совлада Фулам. Во првото полувреме стрелаа Алварез и Аке, а во второто три гола даде Халанд. Во 33 минута голот за Фулам го постигна Рем за 1:1 во тие моменти.

А Тотенхем го растури Барнли на негов терен. Славеше со 2:5. Јужнокореецот Сон постигна хет-трик, а другите два гола за „Спарс“ ги постигнаа Медисон и Ромеро. На другите два меча од попладневниот саботен термин, Шефилд Јунатед – Евертон 2:2, Брентфорд-Борнмут 2:2.

ПретходноСајнц ги израдува тифозите со полпозиција на „Монца“
СледноПМФЛ: Вардар со прва победа, Шкупи ја сопре Шкендија, реми во Струмица, Силекс со триумф во Гостивар, Воска подобра од Брегалница (ВИДЕО)