Македонскиот репрезентативец, Енис Барди постигна два гола во убедливата победа на Трабзон од 5-1 против Касимпаша. Првиот го реализираше во 28. минута за водство од 2:0 од околу 20-тина метри, додека пак вториот го постигна во 64 минута. Македонскиот интернационалец со силен шут од косо од речиси 16 метри ја смести топката зад грбот на противничкиот голман.
По мечот своето задоволство од играта на Барди не го криеше ниту тренерот, Ненад Бјелица.
„Барди даде два гола, тој беше архитектот на овој тим. Ваков Барди ни треба, нам секогаш ни требаше Енис во оваа форма“, беше коментарот на тренерот на Трабзон по убедливиот триумф.
И македонскиот репрезентативец беше среќен по победата, потенцира дека во тимот се чувствува среќен и тоа е главната формула за добрата игра на теренот.
„Оваа сезона ја почнав многу добро за разлика од минатата, а бев тажен што не можев(ме) да го покажеме тоа на нашите навивачи. Човек кога е среќен, тогаш тоа се гледа на теренот. Сакам со моите настапи сега да му се оддолжам на тренерот за сета доверба која ја има во мене. Покажавме колку добра екипа сме. Кога си создавате преголем притисок, работите на теренот не одат најдобро“, реча Барди.