Митровски асистент во ремито против Ријека

160

Екипата на Вараждин со Димитар Митровски и Агон Елези во стартниот состав извлече реми на гостувањето кај Ријека со конечни 2:2. Митровски беше асистент за вториот гол на гостите со кој Вараждин во еден момент и поведе со 1:2, но откако остана со играч помалку домаќинот израмни.

Митровски е повратник во репрезентацијата на Македонија, откако доби повик од страна на селекторот Благоја Милевски за претстојните квалификациски мечеви против Италија во Скопје односно Малта на гостински терен.

 

ПретходноСтојчевски стрелец во победата на Жилина
СледноФото на денот од СП: Она кога Литванецот им се плазеше на Американците!