Дони ван де Бек можеше да се пресели во Лориен ова лето, но тоа не се случи. Холандскиот фудбалер чија кариера е во пад, можеше да направи трансфер во Лига 1 и да ја возобнови формата, меѓутоа поради своето однесување пропаднале преговорите меѓу клубот и играчот.
Во средината на август, фудбалерот одбил да разговара со францускиот клуб и покрај тоа што Лориен и Манчестер Јунајтед се договориле за позајмица. Веројатно фудбалерот очекувал понуда од некој подобар клуб, меѓутоа кога видел дека нема каде им се јавил за да седнат и да разговараат, меѓутоа овојпат челниците на клубот одбиле.
Однесувањето на Ван де Бек, односно непочитувањето на Лориен, е причината што првите луѓе го откачиле. Тој остана во Јунајтед и ќе се мачи за да избори минути сезонава.