Репрезентацијата на Турција е одбојкарски шампион на Европа во женска конкуренција. Во финалето обезбеди победа над Србија, актуелниот светски првак по голема борба од 3:2 во финлето одиграно во Брисел.
Турција имаше огромна поддршка од трибините како да игра во Истанбул, со оглед на огромната турска дијаспора во Белгија.
Турција со ова ги обедини двете титули летово откако ја освои и Лигата на Нациите, а Србија го загуби второто европско финале по ред откако пред две години Италија стана шампион на стариот континент.