Јошко: Полска е светска класа, наша шанса за нова победа се Холандија и Чешка

308

Македонија денеска е исправена пред голем предизвик, да се одигра квалитетно и да се покаже дека не сме далеку од самиот светски одбојкарски врв. Во третата рунда на европското првенство, вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ќе излеземе на мегдан со „тазе“ освојувачот на Светската лига на нации 2023, репрезентација која има плејада светски одбојкарски ѕвезди во својот ростер и селектор со сите одбојкарски нишани.

Македонија покажа дека зацртаните цели се остварливи. Полска не беше во нашиот план за евентуални победи, но тоа не значи дека денеска ќе кренеме бело знаме. Важно е да се одигра достоинствено и да покажеме дека нема да се задоволиме со само две победи. Ова особено важи за дуелите во вторник и среда против нашите нови две „шанси“, Холандија и Чешка.

„Ние треба да се подготвуваме за Холандија, а особено за Чешка. Ако успееме да бидеме трети ќе успееме да ја избегнеме Италија во осминафиналето. Патот во Бари е атракција за нас, за нашата одбојка, за нашата држава. Меѓутоа, ако може да ја избегнеме Италија како противник, за тоа ни треба уште една победа. Ќе се обидеме на последниот меч со Чешка, ќе одиме на една карта, па што биде нека биде“, вели селекторот Јошко Миленкоски.

Денеска останува да уживеме во еден дуел со најдобрите и да се обидеме да ги изненадиме барем во некој дел од натпреварот во кој нашите одбојкари повторно ја очекуваат поддршката од трибините.

ПретходноЦрногорците со победа над Грција завршија на Мундобаскетот
СледноЛетонците прават чуда: Монструoзна победа над Бразил за четвртфинале!